Adidas повторно ги произведе патиките Haven од 70-тите години

од desk2

Познатиот производител на спортска опрема, облека и патики, германски Adidas, повторно почна да ги произведува патиките Haven кои беа популарни во 70-тите години од минатиот век. Ова ги изненади љубителите на овој брeнд ширум светот.

Новите патики Haven се изработени во виолетова и темновиолетова боја со стандардни бели линии на страните и со ѓон беж со портокалова линија. Овие патики се изработени од цврсто платно кое ветува долготрајност.

Патиките Haven веќе може да се најдат во продавниците во Америка по цена од околу 100 долари, а се очекува наскоро да се најдат низ целиот свет.

Слични содржини