Манекенката Адтиана Лима и нејзиниот поранешен сопруг Марко Јариќ ќе треба да поделат 240 милиони долари за време на разводот, кој се очекува да заврши до јули.64590749_markojaric_adrianalima

Двајцата се одлучиле да се разделат по заемна согласност, што значи дека ќе го делат богатството на половина. Иако тие се разделија уште пред една година, двајцата поднеле барање за развод дури во јануари оваа година. Бракоразводната процедура треба да заврши во текот на летото.

Поради ќерките на 5 и на 3 години, поранешните сопружници се одлучиле да се разберат како возрасни и да се подели имотот според законите на Вајоминг, каде се венчаа во 2009 година.

За време на натпреварите за NBA, кошаркарот Јариќ заработил околу 40 милиони долари, а сметката во банката е зголемена за четири пати преку приватен бизнис. Во последните години тој се посветил на изградба, што му носи добри приходи, а има и бизнис во угостителството во САД и Србија.

Лима исто заработува одлично, но и покрај тоа приходите се помали од оние на нејзиниот сопруг. Во 2008 година манекенката заработила 20 милиони долари, а потоа “платата” ѝ се движи околу 7,5 милиони долари годишно.

Поранешните сопружници ќе ги делат вилата во Мајами во вредност од 10 милиони долари, станот во Њујорк, проценет на 6 милиони долари, куќата во Беверли Хилс, која чини 2 милиона долари и јахта за 1,5 милиони долари.

Двојката објави дека се разделува минатата година. Според гласините Лима го фатила мажот да ја изневерува со друга манекенка, а американските медиуми јавуваат дека Јариќ имал љубовна афера и со сосетката. И додека Мрко со обидува да го заштити личниот живот и ниту еднаш не се покажал со друга жена, Лима се шета под рака со нов пријател, кој го презентираше пред медиумите веднаш откако поднесе барање за развод.

Слични содржини