Адријана Лима се омажи со сама себе

од Vladimir Zorba

Бразилската убавица Адријана Лима се сними со убав дијамантски прстен и најави дека се омажила. Но не за друг, туку за самата себе. До нестандартнота порака дојде откако во неделата таа беше забележана како носи нов прстен во Монако. Се разбира, таблоидите веднаш почнаа да шпекулираат дека 35-годишната манекенка се омажила тајно или во најмала рака, дека е свршена.

“Каков е прстенот? Симболично, јас сум посветена на себе и на својата среќа. Се омажив за себе”, напиша Бразилката во “Инстаграм” под слика, на која јасно се гледаше дијамантски накит и ги повика жените да се сакаат себе.

Иако се смета за една од најубавите жени во светот, Адриана е соло веќе доста време. Претходно таа беше мажена за српскиот кошаркар Марко Јариќ, од кого има и 2 деца. Во 2014 година, сепак двајцата најавија дека се разделуваат и дури минатата година заврши судскиот процес по разводот.

Потоа Лима имаше половина-годишна врска со Американецот Џулијан Еделман, но и таму работите се растурија. Оттогаш убавицата вети дека ќе го посвети својот живот единствено на себе, децата и модната кариера.

Слични содржини