Адвокатите на Заев го добиле решението од судот за запирање на постапката за „Пуч“

од Vladimir Zorba

Адвокатскиот тим на Зоран Заев го добил решението од Кривичниот суд за формално запирање на постапката за случајот „Пуч“, откако Специјалното јавно обвинителство донесе одлука за откажување од обвинението.

Ова денеска го потврди лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој рече дека очекува наредните денови и тој да го добие решението од судот.

Решение за запирање на постапката треба да добие и Специјалното јавно обвинителство, но оттаму засега нема официјална информација дека го примиле документот од судот.

Специјалното јавно обвинителство се откажа и го повлече обвинителниот акт за случајот „Пуч“ на 18 јануари.

Тогаш информираа дека причина за ваквата одлука е тоа што „фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт е во спротивност со доказите со кои тие располагаат“ и со наодите на обвинителството во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“./Мета фото Фокус

Слични содржини