Адвокатот и менаџерот на Анџелина Џоли го потврдија разводот

од Vladimir Zorba

Кусо по објавата за поднесувањето на барање на развод од страна на Анџелина, адвокатот и менаџер на Џоли Пит дадоа изјави во име на актерката со кои ја потврдија вистинитоста на вестите.

angelina-jolie-01-435

Нејзиниот адвокат Роберт Офер јавно ја потврди веста за разделба на двојката денеска:

“Анџелина поднесе барање за раскинување на бракот. Оваа одлука беше донесена за здравјето на семејството. Таа нема да дава коментари и бара на семејството да му се даде на приватноста во тоа време.”

Менаџерот на Џоли Пит Гејер Косинки исто така коментираше за рзделбата:

“Анџелина го прави тоа што е во најдобар интерес за грижата за своите деца. Таа го цени сечие разбирање на  нивната потреба за приватност во ова време.”

Според оригиналниот извештај на TMZ, Џоли Пит поднела барање за развод на 15 септември, повикувајќи се непомирливите разлики. Извори за веб-сајтот отркиле дека актерката и хуманитарка решила да се раздели од нејзиниот сопруг поради незадоволство од тоа каков родител е тој, додека друг весник ги рашири гласините дека таа открила дека тој има афера со неговата партнерка во последниот филм „Allied“ Марион Котијар.

Слични содржини