Социолошко истражување на глобално ниво покажа дека жителите на централните и јужните делови на Африка се најзадоволни на сексуален план – речиси 20% од нив сметаат дека половиот живот им е  идеално одржуван, соопштија научници за време на состанокот на Американската социолошка асоцијација во Сиетл. 5031616“Во Африка живеат близу една милијарда луѓе во едни од најслаборазвиените држави во светот. Таму речиси не се спроведени истражувања посветени на сексуалната сатисфакција, и поради таа причина регионот се јавува идеален за споредба колку среќни сексуално се луѓето од западните земји “, смета Стивен Крени од Универзитетот во Тексас Бејлер.

Според зборовите на Крени сличната споредба е од значење, бидејќи досегашните истражувања на Европејците и Американците не можат да дадат точен одговор на прашањето – влијае ли општото ниво на благосостојба во една земја на нивото на сексуално задоволство така, како што на пример влијаат доходот и доброто образование . Причината за овој проблем е високото и донекаде подеднакво ниво на благосостојба во сите западни земји, што не дозволува да се воочат разликите (доколку има такви) во сексуалниот живот и перцепцијата меѓу жителите на богатите и на сиромашните земји. Освен тоа, во западниот свет речиси отсутни се типичните за Африка проблеми и болести како епидемии од ХИВ или воени конфликти, кои можат да влијаат врз квалитетот на сексуалниот живот.

Крени и неговите колеги се обиделе да најдат одговор на сите овие прашања, истражувајќи ги податоците од анкетата што специјалисти од компанијата Gallup ја спроведоа меѓу речиси 26 илјади жители од 30 африкански земји, распоредени јужно од Сахара. Во анкетата имало голем број на прашања кои се однесуваат на половиот и семејниот живот, кои помогнаа на социолозите прво да разберат колку се задоволни Африканците од сексот. Анализата на податоците од анкетата покажува дека нивото на економска благосостојба на никаков начин не влијае на задоволството во сексуалниот живот.

Меѓу анкетираните имало како т.н.. “среќни сиромашни”, така и “несреќни богаташи” и обратно. Освен тоа нивото на сексуално задоволство изгледа не влијае ниту од заканата на ХИВ, ниту од други фактори како пример верските убедувања. Меѓу најинтересните откритија од студијата е дека речиси во сите региони на Црниот континент, со исклучок на Западна и Источна Африка, мажите и жените се подеднакво задоволни од својот сексуален живот. Овој заклучок бил релативно неочекуван за научниците кои претпоставувале дека високото ниво на дискриминација, вклучувајќи и експлоатација на понежниот пол, ќе има крајно негативно влијание врз задоволството на жените од сексуалниот живот.

Слични содржини