Белгискиот посредник, Питер Ванхауте, пред почетокот на денешната средба на работните групи во Клубот на пратеници, на која се преговара за медиумите, рече дека ситуацијата никогаш не е безнадежна и дека преговорите ќе продолжат, пренесе Мета.vanhaute-pred-klub-na-pratenici-860x672

– ВМРО-ДПМНЕ денеска имаше консултации и наскоро ќе видиме дали има компромис и ако нема, дали ќе може да се постигне. Ако нема договор до петок (19 февруари), до кога амбасадорите треба да кажат дали има или нема услови за одржување на изборите, ќе има голем црвен знак на прашањето за медиумите. Никогаш не е безнадежно и ние ќе продолжиме да преговараме со надеж дека ќе се постигне договор – рече Ванхауте.

Одговарајќи на новинарско прашање за црвените линии на двете партии, Ванхауте рече дека голем проблем се составот на Агенцијата за медиуми и владиното рекламирање.

Слични содржини