Агенти од Мосад пристигнаа во Албанија и Косово

од Vladimir Zorba

mosad

Агенти на израелската тајна служба Мосад притстигнале во Албанија и Косово, за да им помогнат на тамошните служби во справување со групата уапсени џихадисти и други осомничени лица, за кои постои сомнеж дека планирале терорисички напади врз израелските фудалери на натпрварот меѓу репрзентациите на Албанија и Израел, што треба да се одигра на 12 ноември.

Според весникто „Експерс“, агентите на Мосад заедно со припдниците на албанската специјална полициска единица „Ренеа“ ќе се грижат за безбедноста на фудбалерите, а дел од нив ќе бидат и во соблекувалните.

Фудбалскиот натпревар Албанија-Израел прво беше планирано да се одрига во северниот албански град Скадар, но од безбедносни причини тој е преместен во Елбасан.

Израелската фудблска федерација побара да се одложи средбата и да се одигра на неутрален терен.

Минатиот петок во полициска операција спроведена во Албанија и во Косово беа уапсени 13 лица, од кои четворица албански државјани и деветмина косовски, а уште 30 други се следат, поради сомнеж за директна поврзаност со терористичката група Исламска држава (ИД), како и со естремисти во двете земји и во Македонија.

Според истражните органи, осомничените кои се следат поради „планирање напади во Косово, Македонија и Албанија“, користеле најсофитицирана форма на комунукција.

Уапсените во Косово признале дека добивале наредби од најбараниот терорист Албанец, Лавдрим Мухаџери, кој е лидер на албанските џихадисти во Сирија.

Слични содржини