Aгенција за медиуми, проверка за медиумска концентрација

од desk4

Според Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, ваквата поврзаност е забранета.

Потребно е да се преземат активности за да се обезбедат релевантни материјални докази за да може до крај да се испита основаноста на сознанијата за евентуално постоење на недозволена медиумска концентрација, односно да се испита дали ТРД 24 Вести ДООЕЛ Штип и операторот на јавните електронски комуникациски мрежи, Телекабел (Трговското радиодифузивно друштво Кабелска телевизија РОБИ ДООЕЛ Штип) се поврзани лица во смисла на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Службен весник на Република Македонија со бр. 184/13, 13/14, 44/14, 101/14, 132/14, 142/16 и 132/17)“, велат од Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги

Според синоќешната одлука од Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, „24 Вести“ треба во рок од 45 дена, од денот на приемот на оваа одлука, да ги поднесе сите релевантни податоци за Агенцијата да донесе одлука во врска со барањето кое го покренало радиото Канал 77 од Штип за одземање на лиценцата на 24 Вести, поради сомневањата за медиумска концентрација.

Слични содржини