„Агрокор“ на словенечките добавувачи им е должен над 40 милиони евра

од Vladimir Zorba

Бизнис светот денеска

 

Љубљана – „Агрокор“ на словенечките добавувачи им е должен над 40 милиони евра, покажува груба проценка изнесена на состанокот на одборот на словенечки дистрибутери на „Конзум“. Словенечките добавувачи очекуваат оваа недела да добијат објаснување од стеќајниот управник Анте Рамљанк околу наплатата на побарувањата. Интересно е што еден од најголемите добавувачи Изет Растодер тврди дека нема проблеми и дека во последната недела успеал да ги наплати своите побарувања од „Агрокор“, кој му должи „само 4 до 5 милиони евра“.

Подгорица – За спроведување на Стратегијата за регионалниот развој на Црна Гора во периодот 2014-2020 година, во 2017 година се планираат речиси 727 милиони евра, се наведува во Акцискиот план за тековната година, што го подготви Министерството за економија, а го усвои Владата на Црна Гора. – Во структурите на изворите на финансирање доминантни се средствата од државниот буџет, при што во рамки на овие средства најголемата инвестиција се однесува на продолжувањето на изградбата на автопатот Бар-Бољаре, делницата Смоковац-Маташево, за која во 2017 година се планирани 180,46 милиони евра.

Франкфурт – Германската компанија „Фолксваген“ остари поголем оперативен профит од очекуваниот во првото тримесечје од оваа година, благодарение на контролата на трошоците. Профитот скокнал и благодарение на подобрата продажба на возилата на „Фолксваген“, пред се на новите модели, меѓу кои е и теренското возило „Тигуан”. Германскиот производител на автомобили соопшти дека во првото тримесечје заработил 4,4 милијарди евра, додека во истиот период лани зарабоката изнесуаше 3,4 милијарди евра.

Берлин – Германската стартап компанија „Мајн Грундајнкомен“ од 2014 година дава 1.000 евра месечно како дел од општествен експеримент. Се работи за сега веќе добро познат основен месечен приход, а во овој случај парите ги добиваат 85 луѓе, вклучувајќи и 10 деца. Основачот на компанијата Михаил Бомер верува во идејата за основен месечен приход, кој секој би го добивал.

Стокхолм – Шведската компанија „Икеа“, позната по производство на мебел, ова лето планира да отвори фабрика во бегалски камп во Јордан. Фабрикате е дел од нивниот долгорочен план за вработување на 200.000 луѓе во светот кои се во неповолна положба, преку програмата за социјално претприемништво. Центрите во Јордан треба да бидат во функција од август и план е да се вработат сириските бегалци и Јорданци во производство на плетени производи, вклучувајќи теписи, перници и прекривачи за кревети.

Москва – „Сбербанк“ стана најскап руски бренд. Нејзината вредност во однос на минатата година е поголема за 23 отсто и сега изнесува околу 570 милијарди рубљи. Според податоците на британската консултантска компанија „Бренд фајнанси”, силни страни на „Сбербанк“ се кредитното портфолио, внимателното раководење со ризиците и иновативниот пристап. Според оваа компанија, „Сбербанк“а е шеста по вредност во банкарскиот сектор во Европа и 24 во светот.

Пекинг – Кинеските нефинансиски директни инвестиции во странство (ОДИ) паднаа за 30,1 отсто во март на годишно ниво, бидејќи властите го затегнаа одливот на капиталот од земјата. На тој начин го поддржаа курсот на јуанот и ги зачуваа државните резерви. Нефинансиските странски директни инвестиции на Кина изнесуваа 7,11 милијарди долари минатиот месец, соопшти кинеското Министерство за трговија.

Њујорк – Американскиот финансиски гигант групацијата „Голдман Сакс“, соопши дека забележала раст на профитот и приходите во првото овогодишно тримесечје, со солиден раст на приходите во сегментот на инвестициското банкарство, наспроти послабите приходи од трговијата. Во првиот квартал во 2017 година, нето добивката пораснала за 80 отсто на годишно ниво, на 2,26 милијарди долари. Добивката по акција изнесувала 5,15 долари и била за 92 отсто повисока од истиот период лани, објави „Голдман Сакс“ во својот деловен извештај/МИА

Слични содржини