Агуеро казнет со четири натпревари, Фернандињо со три дуели

од Vladimir Zorba

timthumb-5

Играчот на Манчестер Сити, Серхио Кун Агуеро е казнет со забрана за настап на четири натпревари, а неговиот соиграч Фернандињо со три дуели, поради исклучувањата што ги добија на саботниот дерби дуел од Премиер лигата меѓу Манчестер Сити и Челзи.

Нивниот тим го загуби дуелот со 3:1, а играчите ги „загубија“ нервите. Агуеро со неспортски потег со „ѓон“ го удри противничкиот играч Давид Луиз, а потоа дојде до мешаница во која Фернандињо го турна противничкиот играч Цеск Фабрегас.

Агуеро нема право на настап на натпреварите против Лестер, Вотфорд, Арсенал и Хал, а ќе се врати за дербито со Ливерпул на 31.декември. Фернандињо право на настап ќе има на дуелот со Хал.

За Агуеро, кој на 12 натпревари во Премиер лигата има постигнато 10 голови, ова му е втора суспензија сезонава откако претходно беше казнет поради удирање на играчот на Вест Хем, Винстон Рид.

Слични содржини