Ахмети ги демантира информациите за договорена влада со Груевски

од Vladimir Zorba

Демократската унија за интеграција  на Али Ахмети  ги демантира информациите кои беа распространети вчера дека неговата партија постигнала “принципиелна согласност со ВМРО-ДПМНЕ” за правење нова влада

 

“Ниту една неофицијална  излезена информација која беше распространета по медумите не е точна. Нашиот лидер Али Ахмети изјави дека договорот ќе биде транспарентен и општеството ќе биде информирана за него”, се вели во кусата порака од ДУИ.

Потсетуваме  дека вчера локалната телевизија “Телма” соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и ДУИ на Али Ахмети постигнале “принципиелна согласност” околу прашањето за двојазичноста во земјата. “Телма” се повикува на извори од учесници во преговорите меѓу двете формации и тврдеше дека двете партии се согласиле да нема промена во Уставот, туку тоа да се реалзира преку измени во законодавството за  употребата на јазиците.

Од ДУИ велат дека нивната цел “е да се стави крај на политичката криза во земјата преку формирање на новата влада”.

Според Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе дојде до поинтензивен дијалог меѓу Груевски и Ахмети, и дека се надминати главните пречки за договор и за формирање нова влада.

Груевски мора да го информира претседателот најдоцна на 29-ти јануари дали успеал да создаде мнозинство во парламентот за формирање на нова влада, и тој во овој меѓупериод преку албанските медиуми што од Македонија и Косово се обидува да ја амротизира негативната слика создадена с изборитем за отпор кон албанскиот блок и воопшто Албанците во Македонија.

Лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз  Зоран Заев вчера исто така во улога на контра реплика на тврдењата за договор ДУИ – ВМРО ДПМНЕ,  потврди дека Груевски нема да може да добие мнозинство во парламентот и ќе биде принуден да го врати мандатот. Според Заев тој  и СДСМ ќе ја формираат новата македонска влада.

Според извори на Локално.мк , точна е информацијата дека два тима на ДУИ и на ВМРО ДПМНЕ имаат преговори  и се обидуваат да најдат заедничко решение  за можно колицирање, и единствено што е вистина од посоченото досега од ДУИ,  е дека тие калкулираат со повеќе комбинации и дека преговараат и со СДСМ и со ВМРО ДПМНЕ. Извори од ДУИ тврдат дека имаат договор  со СДСМ, но не негираат контакти со Никола Тодоров  и Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.

Од таборот на СДСМ велат дека ништо не е завршено во однос на конечната одлука, и дека тие се сигурни дека имаат договорено доволен број на пратеници од албанскиот блок, вклучително и од ДУИ за формирање на парламентарно мнозинство.

Единствено ДПА и Мендух ТАчи калкулираат со секое партиско мнозинство, додека останатиот број на пратеници од Алијанста и БЕСА се изричито против колицирање со Никола Груевски.

Од преговарачките тимови се најавува дека до крајот на неделава , првин ќе биде избран претседател на парламентот и тоа ќе биде од редовите на Албанаците, а потоа ќе се изјаснува мандатарот.

На предвремените парламентарни избори на 11-ти декември ВМРО-ДПМНЕ доби најмногу гласови, или два пратеника повеќе од СДСМ. Во 120-члениот парламент партијата на Груевски има 51 мандати. Социјалдемократскиот сојуз / СДСМ / на Зоран Заев – 49, Демократската унија за интеграција / ДУИ / на Али Ахмети – 10, Движењето “Беса” на Билал Касим – 5, Албанскиот сојуз на Зиядин Села – 3 и Демократската партија на Албанците / ДПА / на Мендух Тачи – двајца пратеници.

29-ти јануари е крајниот рок кога мандатарот Никола Груевски треба да го информира претседателот Ѓорѓе Иванов  дали успеал да создаде мнозинство во парламентот за формирање на нова влада,по што ако не успеал,  мандатот се предава на следниот по број  на освоени гласови лидер на партија , Зоран Заев и СДСМ, кој во ист рок  и според Уставот на РМ ,треба да понуди парламентарно мнозинство за формирање влада.

Слични содржини