Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, изјави дека постои подготвеност за решавање на кризата, но одби да ги открие предлозите.

1424195880-Ahmeti-Hahn

– Сметам дека најбитен момент денеска е сите политички партии да ги надминат своите интереси и да ги постават државните пред партиските интереси. Според мое мислење и според разговорите што ги водев, гледам готовност на сите нив да ја решиме кризата и да ја вратиме земјата на вистинскиот пат – рече Ахмети.

Хан, по средбата со Ахмети и со Тачи, треба да се сретне со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и со премиерот Никола Груевски, по што, во зависност од текот на поединечните разговори, можно е доцна попладне да се одржи лидерска средба, на која ќе присуствуваат и европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит.

Според најавите, Хан во текот на денот ќе одржи прес-конференција на која ќе открие како течеле разговорите и дали е постигнат напредок за решавање на кризата.

Извор: МЕТА

Слични содржини