Ахмети: Груевски ме предупреди дека ќе ми врати

од Vladimir Zorba

Декларацијата на политички партии на Албанците не е дел од историјата, изјави шефот на ДУИ, Али Ахмети. Според него, по празникот Бајрам коалициските партии ќе се состанат повторно и наскоро во Собранието ќе се најде новиот Закон за албански јазик.

Во интервју за емисијата „Патот кон…“ Ахмети зборуваше за распоредувањето на ресорите со коалицискиот партнер.

Рече дека прашањето на јавниот обвинител и понатаму останува отворено и дека не е време Управата за безбедност и контраразузнавање да ја раководи Албанец.

 Нагласи дека овој владин мандат е тежок поради бројките, но рече дека ќе успее благодарение на помошта од меѓународната заедница.

Ахмети рече дека одлуката за коалиција со СДСМ не била наметната и дека за ова самиот го известил лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски, а тој му рекол дека ќе му се одмазди.

– Рече вие како ДУИ, тоа што ми го направивте во периодот 2006 – 2007 година, јас на истиот начин ќе ви вратам. Се знае какви беа реакциите на ДУИ во периодот 2006 –2007 кога неправедно остана надвор застапувањето на албанскиот електорат, волјата на албанското мнозинство во Република Македонија – изјави Ахмети, нагласувајќи дена тоа не била закана туку предупредување.

Слични содржини