Ахмети е за ВМРО ДПМНЕ, ДУИ денеска ќе соопштат со кого ќе прават Влада

од Vladimir Zorba

Али Ахмети е за Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Зошто неговиот личен избор е  толку тврда позициија, и по цена на распад на партијата засега никој нема одоговор

Денеска во Мала Речица заседава централното претседателство на Демократската унија  за интерграција на кое лидерот Али Ахмети ке  треба да ги образложи своите преговарања со ВМРО ДПМНЕ, и средбите со лидерите Ззев и Груевски. Она што се дознава по вчерачната средба со потпретседателите на партијата е дека Лидерот Али Ахмети веќе има изграден став да оди со ВМРО ДПМНЕ.Проблен е што останатите се против. Токму и поради тоа толку долго се одлага централното претседателство.

Сноќешната прва жестока средба на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со четворицата претседатели, според доброупатени извори на Либертас поминала во исклучително тензична атмосфера, во која сите освен Ахмети биле против коалиција со партијата на Груевски.

 

И покрај силното противење, претседателот на ДУИ, бил цврст во ставот дека неговата партија треба да ја продолжи соработката со ВМРО-ДПМНЕ. Тој го предочил договорот со Груевски, според кој, актуелниот мандатар би се откажал од премиерската позиција, а на негово место, како партиски кадар што ќе ја преземе таа улога, според договорот Груевски-Ахмети, тоа би бил досегашниот прв човек на македонската дипломатија, Никола Попоски.

И покрај убедувањето од потпретседателите дека тоа би било само формален а не и фактички акт, и дека Попоски би би бил само нова замена за Емил Димитриев, Ахмети опстојал на својот став дека без оглед на се, тој е за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, особено што пред Албанците тоа би можело да се претстави како преговарачки триумф на ДУИ.

Потпретседателите му укажале на Ахмети дека не се согласуваат, но тој, според нашите извори им рекол дека тоа е негова одлука, без оглед на далкусежните реперкусии што таа може да ги има и за ДУИ и за државата.
„Нека се подели партијата, нека има раскол, нека ги изгубиме локалните избори, јас сум решен да продолжиме со Груевски. Тој е нашиот партнер.“, им рекол Ахмети на потпретседателите кои не можеле да поверуваат во неразумните аргументи кои ги употребил нивниот лидер.

Обидите да го сменат неговото мислење биле безуспешни иако од средбата било јасно дека Ахмети во преговорите со Груевски немал, ниту барал некакви гаранции за принципите за кои наводно се залага партијата која ја предводи, а особено не она за СЈО, од кое според дебатата која се водела, во голема мера стравуваат и видни членови на ДУИ.

Либертас веќе информираше дека за СЈО, Ахмети и Груевски веќе смислиле валкано сценарио, според кое ДУИ ќе предложи законски измени, но тие нема да ги прифати неговиот коалиционен партнер, со што ДУИ би излегла со „чисти раце“ од процесот.

Извори од ДУИ за Локално.мк тврдат дека Ахмети ќе има уште потешка задача денеска да ги убеди сопартијците кои се цврсто решени да му опонираат, и имаат одлука  да одарт со СДСМ. Во текот на вчерашниот ден со лидерот Ахмети  средба имал и влијателниот Хазби Лика кој бил изричит дека коалиција со ВМРО ДПМНЕ не смее да се прави, и тоа не е избор на ченството на ДУИ, кое веќе ги казнило на изборите.

Упатените за ваквата тврда одлука  на Ахмети велат дека тој  веројатно лично влегува во пазарењата , и  нема друг избор како поинаку да игра затоа што веројатно станува збор за негова лична уцена-договор од страна на ВМРО ДПМНЕ, во што тој ја заложува целата партија.

И покрај противењето на цели ограноци и реформското крило во ДУИ, потпретседателите, Али Ахмети според статутот на партијата има право самостојно да ја донесе одлуката за коалицирање со ВМРО ДПМНЕ. Тоа за Никола Груевски ќе биде сосем доволно за да состави нова влада, а како понатаму ќе движат работите и што ќе се случува со ДУИ и воопшто со целиот политички  и безбедносен амбиент во државата , може само да се претпоставува.

Како енигма останува и одлуката на Ахмети, да остане со Никола Груевски, и воопшто да не е тема ниту јазикот, ниту плтаформата на Албанците, и што е тоа што го принудува на ваква одлука !?

 

Слични содржини