Лидерот на интегративците денеска пред најтесното раководство  го потврди ставот дека изборите треба да бидат одржани на 24 април,  а до тогаш ќе бидат исполнети условите за фер и демократска изборна атмосфера.

ahmeti_svecena__01

Али Ахмети на денешниот состанок во партијата,  организиран по повод политичка криза во Македонија децидно потврди дека датумот за изборите треба да остане ист-24 април. Тој нагласи дека има неколку аргументи зошто цврсто стои зад овој став.  Ахмети најави дека Македонија ја чекаат неколку големи предизвици во јуни.

-Имаме проблем со името и за членување во НАТО треба  да се преговара, ако датумот се помести ќе го изгубиме самитот на НАТО. И не можеме да прифатиме друг датум, бидејќи нашиот електорат го чека и постење во јуни се рамазанските пости, изјави Али Ахмети

Според Ахмети, земјава мора да ги организира институциите и што побрзо да ги среди внатрешно-политичките проблеми, а потоа да решава и за мигрантската криза и најавениот прилив на мигранти во следниот период.

Во својот говор, потсети дека специјалната јавна обвинителка мора да го забрза процесот на расчистување на аферата со прислушувањето, а на Јанева да и се обезбедат нормални услови за тоа.

– Треба да му дадеме простор  на СЈО да работи професионално и да има резултат. Сите документи во илегалната фабрика, државните институции да бидат вклучени и да кажеме доста со фалсификати. Опасно е што овие материјали се наоѓаат во раце на луѓе што не и посакуваат добро на Македонија, изјави Али Ахмети

Ахмети порача дека нема причина да се избегне договорениот датум, бидејќи точките од Пржино се исполнети.

Слични содржини