Ахмети: Можни се нови избори

од Vladimir Zorba

Лидерите на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ денеска ќе седнат на маса и ќе започнат преговори за состав на новата влада. Груевски по вчерашната средба со партиите од неговата коалицијата не доби зелено светло за прифаќање на платформата на партиите на Албанците. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за телевизијата 21 изјави дека во игра се сите опции- Коалиција со ВМРО ДПМНЕ, коалиција со СДСМ, техничка влада и преоѓање на ДУИ во опозиција. Ахмети не исклучува ни можност од нови избори, доколку на преговорите не биде прифатена платформата на албанските партии./ цитира Телма

Слични содржини