Лидерот на ДУИ Али Ахмети заедно со градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи, претседателот на Изборниот штаб Беким Незири и со претседателот на огранокот на ДУИ, Берзах Бејтулаху-Хаки синоќа се сретнаа со жители од Боговиње.

ahmeti

На средбата, како што соопшти денеска ДУИ, лидерот на партијата говорел за достигнувањата на ДУИ во изминатиот период како што се зголемувањето на бројот на албански студенти на 20 илјади, отворањето на албанските универзитети и вработувањата на околу четири илјади албански војници и полицајци.

– Некои политичари ветуваат рај, меѓутоа, само на збор. Наводно, овие сили ќе ги ослободеле Албанците од „канџите“ и „ропството“ на ДУИ, рекол Ахмети.

Тој зборувал и за актуелната политичка состојба, истакнувајќи дека договорот од Пржино треба задолжително да се почитува од страните потписнички, затоа што со него треба да се стабилизираат државните институции.

Во однос на изборите, Ахмети истакнал дека треба да бидат внимателни затоа што, како што рекол, многуте партии ги ослабуваат Албанците.

– Определбата на Албанците е западот, а не истокот, затоа што Албанците сакаат да живеат слободни и без граници, рекол Ахмети, додавајќи дека ДУИ работи во насока на подобрување на квалитетот на живот на Албанците на сите полиња./МИА

Слични содржини