timthumb

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешната средба во американската амбасада со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, ја информирал за предлозите на ДУИ за чистење на Избирачкиот список и за медиумите, како и за потребата двете страни да се договорат дека се исполнети условите за избори, а потоа да се одреди датум за предвремени избори, соопшти ДУИ.

„Соочувајќи се со ризик од различни влијанија, Ахмети побара поддршка од Америка за следење на нашиот пат кон интеграцијата во НАТО и ЕУ каде што Нуланд истакна дека тоа е наша заедничка цел“, се наведува во соопштението.

Нуланд ја изразила проценката на САД за конструктивната улога на Ахмети кон постигнување решение, како и за тесната соработка со американските власти.

„Лидерот на ДУИ ја увери Нуланд дека ДУИ е најконструктивна за изнаоѓање на решение, а изрази и оптимизам за брзо постигнување на компромис од двете страни во наредните денови. Овој компромис треба да резултира со сеопфатни, веродостојни и демократски избори што е можно поскоро“, соопшти ДУИ.

Слични содржини