Ахмети сам ќе ја носи одлуката, ама сака да слушне што мисли и членството

од Vladimir Zorba

Прашање на време кога Ахмети ќе пресече и ќе го искористи своето статутарно право и да објави дека нема да коалицира со СДСМ

 

Ахмети има статутарно право и сам да одлучи за чекорите, но негова цел е да го слушне мислењата на сите членови на претседателството за сите опции, за да се донесе најздрава одлука, рече Бујар Османи пред седиштето на ДУИ, каде во тек е  средба на Централното претседателство на ДУИ во проширен состав.

-Отфрлувам дека има раздор во партијата или некакви преференци. Не ни е битна политичката судбина на ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ важна ни е реализацијата на платформата и договорот потпишан со Албанците, изјави Османи.

Османи посочи дека за ДУИ е важна Платформата на Албанците и важен е начинот како тој договор ќе го реализираат, а во текот на денот од дебатата ќе преминеле на поконкретни предлози.

Сепак од извори на партијата , а кои се против одлуката на Ахмети да се оди повторно заедно со Никола Груевски, се шпекулира дека се наметнува тема на претседателството за тие кои не сакаат да одат повторно во коалиција со ВМРО ДПМНЕ да си поднесат оставки . Тоа вели нашиот извор било порака и до потпретседателите и до тројца пратеници кои застанале цврсто на позициите да не се колицира со ВМРО ДМНЕ.

Извори внатре од претседателството на ДУИ тврдат дека е прашање на време кога Ахмети ке пресече и ќе го искористи своето статутарно право и да објави дека нема да колицира со СДСМ.

 

Слични содржини