Ахмети се јави, навистина и во СДСМ се појави!

од Vladimir Zorba

 

Сигурно не разговарале ниту за ланскиот ниту за годинашниот снег, ниту колку улиците се исчистени и колку лизга, туку за политичката лизганица. 

Сам , без придружба на шефот на кабинетот кој најчесто е придружник на лидерот на ДУИ, Али Ахемти на тет -а – тет средба во седиштето на СДСМ. По кафе пиењето со Груевски, Ахмети вечерта, замина  на чај  и по некоја цигара во кабинетот на првиот социјалдемократ Зоран Заев. Ахмети ја напушти зградата без да даде изјава, а Заев не го испрати од вратата , напишаа 24 Вести. Нема ниту информации само штури соопштенија идентични од двете партии.Сепак чудни се овие средби надвор од сите протокли  а како претходници на новата македонска Влада.

Сепак сигурно не разговарале ниту за ланскиот, ниту за годинашниот снег, ниту колку улиците се исчистени и колку лизга, туку за политичката лизганица.

Официјално-„На средбата начелно се разговараше за ставовите на двете страни коишто ги застапуваат во овој период, без навлегување во детали или разговори за одделни конкретни прашања. Во следниот период за очекување е дека ќе продолжат средбите помеѓу двете страни, за што јавноста благовремено ќе биде информирана“ се вели во соопштенијата.

Неофицијано, Ахмети се обидува сам да ја менаџира сосотојбата со лидерите Груевски и  Заев, и да види што сам може да направи , па потоа за истото да побара поддршка од партијата, и најнакрај од другите албански партии. Дефинитивно Ахмети се навекува на лизгав терен на „медијатор“ а таму како што се дознава баш и нема голем простор за медијација и маневрирање.

Прво јасно е дека Ахмети нема поддршка да оди во колалиција со Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, ниту од новата братска коалиција и платформа , ниту пак од својата партија. Сепак тој како што се дознава од извори од неговата партија, калкулира со можен простор како да одработи , во име на минатата дружба,  да го спасува Груевски. Неговата понуда или  обид  е можност за евентуална широка колициона влада.

Тој пробува, но тој лед за Ахмети  сепак е тенок. Локално.мк од партиски извори дознава дека таква понуда , коалиција со Никола Груевски во нова Влада и СДСМ и сите партии не доаѓа предвид. Таа мисија на Ахмети  со последната средба Заев-Ахмети , и претходно со Груеевски  е  целосна утка.

Али Ахмети  велат оди сам бидејќи повеќе нема доверба во никој, одите околу себе, и не знае  кој за кого одработува. Таму сериозно се поделени два клана- тендер крилото за Груевски и поголемиот дел „командантски„ кои се  против. Мнозинството функционери од Централното претседателство на ДУИ на последниот состанок, му кажаа дека се против продолжување на Влада со Груевски.НАбргу ќе го добие одговорот и на сега закажаната седница во партијата.

 

 

Проценките се дека Ахмети сепак нема кај да оди. Колку тој и да глуми победник, тој е сериозно поразен од другите албански партии, кои пак немаа дилеми дека се против Никола Груевски.

Слични се процените и на аналитичарите од албанскиот кампус.„ВМРО нема да може да формира Влада и ДУИ формално е вклучена во проговорите или ќе се вклучи во преговорите само колку да го испочитува начелото од 2006 или 2008 година, на кое инсистираа дека победниците треба да ја формираат владата.“,изјави  професорот Џелал Зејнели, за АЛсат М.

Меѓународниот и регионален контекст воопшто не му одговара на ДУИ. Ниту пораките од Белград,од Приштина, ниту од Вашингтон и Тирана.Одвнатре на глава му виси последниот пораз од парламентарните, и претсојниот од закажаните локални избори

Политиката е прагма, всушност пари,  и никој не исклучува Ахмети и ДУИ да се реши да одигра за последен пат на картата на Груевски, но дури тогаш тоа ќе биде последната нивна игранка во политиката и  закопување  и  на Ахмети и  на ДУИ како релевантена партија, од интерес на Албанците.

Ад.

Слични содржини