Ахунзада: Војната во Авганистан ќе заврши кога НАТО ќе замине од Авганистан

од desk2

Лидерот на авганистанските талибанци Маулви Хајбатула Ахунзада изјави дека планираното зголемување на американските војници во Авганистан нема да резултира со крај на војната и вети дека ќе се бори до целосно повлекување на војниците на НАТО од земјата.

– Ако мислите дека можете да ни ја скршите одлучноста со вашето воено присуство и испраќањето на дополнително војници, грешите. Американците треба да разберат дека продолжувањето на војната во Авганистан и интензивирањето на бомбардирањето никогаш нема да доведе до успех. Авганистанците не се народ кој се покорил пред некого, посочи Ахунзада.

Изјавата на Ахунзада беше вметната во порака што талибанците ја испраќаат секоја година пред муслиманскиот Рамазан Бајрам. Тој во порака повтори дека авганистанската Влада е премногу корумпирана и оти мора да си поднесе оставка. Тој на крајот од пораката апелира до борците да внимаваат во нивните операции да не повредуваат цивили.

Слични содржини