Аирлија за десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, рече Џафери

од desk2

Откако информираше дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го известиле дека формираат 10 пратенички групи, претседателот на Собранието, Талат Џафери, се заблагодари што конечно пратениците му ја признале функцијата. Потоа ги прочита координаторите и заменик-координаторите и рече „Аирлија“.

Откако во претпладневната сесија на првото продолжение на 6. седница на Собранието пратениците го прифатија предлогот на Владата да се именува Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација и ја завршија расправата за предлог-одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, беше прогласена пауза.

Продолжението почна во 14.14 часот, со информирањето од Џафери за десетте нови пратенички групи, а продолжи со расправата за давање согласност за општите акти на Народниот правобранител.

Потоа на дневен ред е петтата точка од дневниот ред, разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски./Meta

Слични содржини