„Ај кју“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија

од desk2

„Ај кју“ ќе биде македонски претставник на Евровизија, која ќе се одржи во Лисабон во мај. Членовите ќе ја пеат песната Lost and found. Автор на песната е Бојан Трајковски, а продукцијата е на Дарко Димитров.

На јавниот повик што го распиша Македонската радио-телевизија пристигнаа 382 песни од домашни и странски автори, а жирито составено од музички новинари и претавници на јавниот сервис ја избра песната на „Ај кју“ како наш претставник.

Македонија во Лисабон ќе настапи во првото полуфинале што ќе се одржи на 8 мај.

Слични содржини