Ајде повторно да ги следиме студентите!

од Vladimir Zorba

Студентскиот пленум, т.е. студентите се луѓето кои пред две години ја започнаа последната фаза од нашето граѓанско будење. Фазата на масовен отпор, на истрајна инатливост против глупавите и бесмислени политки на власта. Тие беа први кои покажаа дека ако си доволно упорен и ако ги издржиш сите удари кои машинеријата на мафијата може да ги зададе, тогаш можеш и да успееш.

sarena revolucija pavle bogoevski

Вчера се одржа првиот студентски референдум во Република Македонија. Референдумот беше за формата на студентското организирање на студентите на УКИМ. Изборот беше помеѓу тоа работите да останат непроменети – СПУКМ да продолжи да функционира како „невладина“ организација, без никаква практична контрола и надзор во работењето и трошењето на парите на студентите; или студентската организација да биде во склоп на универзитетот, каде студентите би имале подиректен увид, влијание и контрола врз начинот на работење на нивното претставничко тело.

 94% од студентите кои гласаа, одлучија дека не сакаат организацијата која ги претставува да продолжи да биде партиска испостава на УМС, надвор од секаква контрола на тие кои ги претставува. Одлучија дека се замараат со политика и дека сакаат да ги променат работите. И на крај, одлучија дека не им е гајле ако некој им се заканува или се обидува да ги заплаши. Тие си го кажаа своето НЕ.

И нивните последни избори беа криминални. И тие пред референдумот стравуваа од мала излезност и преголема апатија кај гласачкото тело. И кај нивните избори имаше партиски шерифи и страв дека специјалците повторно ќе тепаат.

Ајде да бидеме како студентите! Ајде да сфатиме дека ако ние не си ја донесеме промената, нема кој друг. И конечно, ајде да разбереме дека моќта на груевски вреди само колку стравот што го имаме од него – колку пренадуван балон кој полека, но сигурно се издишува.

Груевски е готов, само нема кој да му каже.

Ние треба да одлучиме дали ќе продолжиме да креваме раменици, или ќе засукаме ракави? Дали цел живот ќе бидеме маса која им служи за легитимитет на нивниот криминал, или ќе си ја земеме правдата назад, во наши раце? И дали ќе имаме доволно храброст за конечно, да почнеме да се замараме со политика и да му кажеме дека е готов – бидејќи политиката, и тоа како се замара со нас.

Павле Богоевски – Фејсбук статус

Слични содржини