Академијата молчела и за десетината тужби пред Управен суд

од Vladimir Zorba

Незадоволни од приемните испити тие ја тужеле Академијата пред Управниот суд сметајќи дека се оштетени при процесот на селекција. Не сакаат јавно да зборуваат, но тврдат дека откриле низа сомнителни работи при селекцијата. Се сомневаат дека резултатите се штелувани за да влезат кандидати блиски до владејачките структури.

Дел од судските случаи се уште не биле решени кога почнала почетната обука во март годинава. Денеска сите случаи се решени. Дел од пресудите се во корист на тужителите, но дел и на Академијата.

Во меѓувреме како што објави Телма Академијата ја тресе скандалот со фалсификуваните дипломи за англиски јазик што ги поднеле над 30 кандидати на конкурост за прием на 60 јавни обвинители. Случајот е во предистражна постапка, а Јавното обвинителство бара меѓународна правна помош за да го реши./ТЕЛМА

 

 

Слични содржини