Ако дојде до нов бегалски бран, никој нема да може да го запре, па ниту Македонија

од desk2

Повторното отварање на балканската бегалска рута би било политичка одлука која ќе зависи од односите меѓу Европската унија и Турција. Ова беше нагласено на конференцијата што денеска ја одржаа во Скопје повеќе граѓански организиции кои беа активни за време на бегалската криза. Јасмин Реџепи од невладината „Легис“ изјави дека доколку дојде до нов бегалски бран, никој нема да може да го запре, па ниту Македонија. По затварањето на балканската рута пред околу една година, земјава се соочува со повторна активација на криумчарењето мигранти.

„Самото затварање на бегалската рута беше договор меѓу Европа и Турција. При било какво недоразбирање меѓу нив, бегалците се тие кои ќе страдаат. Тие сакаат да поминат во Европа и секоја од овие две страни ќе ги злоупотреби во ова поминување, без решавање на нивниот проблем онака како што бараат хуманитарните принципи и според човековите права“, рече Јасмин Реџепи – НВО „Легис“./извор Алсат М

Слични содржини