Ако ги прави овие четири работи тој е вашиот принц на бел коњ

од Vladimir Zorba

Дали е тој оној вистинскиот? Ова прашање жената никогаш не прастанува да си го поставува на себе. За сите кои се во дилема, ова се четири јасни знаци кои укажуваат дека сте ја пронашле „сродната душа“.

Внимателен е

Тој сака да се чувствувате добро и тоа го исполнува. Затоа кога се чувствувате лошо или едноставно  нерасположени прави некои ситни работи за да ви го поправи расположението.

Нежен е

Ве  гушка, бакнува и допира. Ако вашиот партнер ова го прави секојдневно, значи дека  е полн со топлина за вас. Допирите влијаат и на менталното здравје.

Квалитетно се карате

Ни зачестеноста на карањето не е толку важно, колку начинот на кој ги решавате своите конфликти. Во здравата врска секој партнер прво ќе ги чуе аргументите на другиот, а потоа ќе ги уважи и ќе го изнесе своето мислење.Разговорот со партнерот е многу важен, а искусните ќе ви речат дека комуникацијата е клучна за успехот на секоја врска.

Имате заеднички цели

И додека е сосема нормално да имате поинакви интереси од својот партнер, вашите долгорочни цели треба да се преклопуваат. Разликите се прифатливи, но не кога се во прашање важни одлуки.

С.В.

Слични содржини