Грција  ќе биде како слон во стакларска  продавница, ако ја напушти еврозоната. Ако дојде до тоа,  тоа ќе има ефект во светската економија. Грција нема да ги реши своите економски проблеми, ако го  избере патот на излез од еврозоната. Тоа ќе биде во  голема штета за нејзината економија,  изјавил главниот економист на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Оливие Бланшар,

20150709.jaoiatrsnz

“Ние се надеваме дека Грција ќе остане во еврозоната. Грција ќе пострада многу повеќе ако ја напушти европската монетарна унија “, нагласува тој. Во исто време Бланшар потсетува дека обемот на грчката економија сочинува помалку од 2% БДП на сите земји од еврозоната. ММФ ја намали прогнозата за стапката на економски раст во светот на 0,2 % – до 3,3% во тековната година. Во 2016-та се очекува зголемување на растот до 3,8%.

Слични содржини