Aко ја блокираат смената на Зврлевски, Собранието ќе го разреши Советот на обвинители

од Vladimir Zorba

Во случај Советот на јавни обвинители да не дава мислење за разрешувањето на Јавниот обвинител на Македонија Марко Зврлевски, или за кандидатите за нови државен обвинител и со тоа уште на почетокот да ја блокира и развлекува неговата смена, Владата ќе иницира законски измени до Собранието со кои итно ќе се прекине мандатот на членовите на актуелниот Совет на јавни обвинители, дознава sdk.mk
Тоа се прави со гласање во Парламентот со просто мнозинство од пратениците, велат извори од владината коалиција.

Во Советот би имало мнозинство кое ќе ѝ одговара во законските рокови на Владата, ако таму веднаш се избере нов член на местото на Зоран Сулејманов, кому мандатот му е од поодамна истечен.

Третата варијанта е Владата на премиерот Зоран Заев да остави вака како што е сега, да се потпре на совеста на актуелниот состав на Советот на јавни обвинители и да се надева дека во рокови ќе даде мислење за Зврлевски и неговиот наследник што ќе биде предлог на новата Влада.

Според владиното соопштение, одлуката да биде разрешен Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски е поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата. Владата вчера ја почна постапката за разрешување на Зврлевски и одлучи да побара мислење до Советот на јавни обвинители за тоа, бидејќи така пишува во Законот за јавно обвинителство. За ова прво мислење што треба да го даде Советот, нема пропишано рокови, а не пишува ни дека е задолжително Владата да го чека бесконечно.

Со или без мислењето на Советот, Владата предлогот за разрешување ќе го достави до Собранието. Откако Зврлевски ќе биде разрешен, Владата до Собранието доставува предлог за избор на нов Јавен обвинител на Македонија, а Собранието распишува оглас во Службен весник.

По објавувањето на огласот течат пропишаните 15 дена за пријавување на кандидатите, што воедно е и рок во кој Советот на јавни обвинители треба да даде мислење до Владата, позитивно или негативно, за сите пријавени кандидати.

Проблемот е во тоа што ако Советот не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата ќе треба да ја повтори целата постапка за избор на нов Јавен обвинител на Македонија, што би траело најмалку 4 месеци.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини