Со 5 гласа „за“ и 4 „против“, уставните судии ја прифати иницијативата за оцена на уставноста на Законот за амнестија, Претседателот на државата да помилува лица правосилно осудени за изборни нерегуларности.

BELGIUM-EU-FUELE-IVANOV

Досегашната верзија на законот предвидуваше претседателот на државата да не може да амнестира лица кои се осудени за кривични дела поврзани со изборите. Дополнително според сегашната верзија на законот, помилувањето за осудено лице, единствено може да се спроведе по предлог на министерот за правда.

Со оваа долука на уставните судии , осудените  за кривични дела против изборите, против здравјето на населението, за злоупотреба на деца, за производство и промет на дроги, за дела против човечноста и осудените од меѓународни судови исто така ќе имаат  право на помилување.

Потсетуваме дека до 2009 година, Претседателот на државата имаше право да помилува осуденик по сопствена иницијатива. Сето тоа се промени кога тогашниот Претседател Бранко Црвенковски го аболицираше сегашниот лидер на СДСМ Зоран Заев. Тогаш власта поита да го измени Законот и внесе одредба со која Претседателот на РМ ќе може да помилува единствено по предлог на министерот за правда. Целиот процес за изменување на законот тогаш го менаџираше Михајло Маневски како министер во Владата на Груевски.

Расправата на Уставниот суд се случува кога Специјалното обвинителство отвори истрага за изборни нерегуларности направени за време на локалните избори 2012 година, во која меѓу другите осомничени се поранешните министри во Владата на ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, како и актуелниот секретар на Владата Кирил Божиновски.

Слични содржини