Ако не го чистиме јазикот, може да го изгубиме вкусот

од Vladimir Zorba

Кога ги миеме забите, често пропуштаме да го исчистиме јазикот бидејќи сметаме дека тоа не е потребно за да се исчисти темелно усната шуплина. Четкањето на јазикот сепак е важно колку и четкањето на забите. Инаку има ризик од развој на некоја од овие состојби.

1. “Приглушување” на рецепторите на вкусот

Кога нема да го исчистиме јазикот наталожените бактерии, мртви кожни клетки и остатоци од храна може да ги покрие рецепторите за вкус. На крајот тоа може да доведе до губење на апетитот, бидејќи не го чувствуваме целосно вкусот на храната.

2. Неквалитетен здив

Ова е прв пропратен ефект од занемарувањето на јазикот, кога ги миеме забите. Бактериите кои се наоѓаат на него, доведуваат до непријатна миризба. Тие обично остануваат во задниот дел на јазикот, па затоа е важно редовно да го чистиме.

3. Гингивитис

Акумулираните бактерии врз јазикот можат да се размножат и на забите, што може да доведе до воспаление на непцата и развој на гингивитис. Ако остане нетретирана, има ризик воспалението да предизвика пародонтоза.

4. Габа во усната шуплина

Зголемувањето на нивото на бактериите во усната шуплина, како и растот на габите, може да е причина за развој на млечница – габички во устата. Карактеристично за оваа состојба е присуството на бели дамки на јазикот.

Слични содржини