При проблеми со ерекцијата мажите обично посегнуваат кон вијагра. Но, резултатите од две анкети, една италијанска и една американска, покажуваат дека има природен начин за решавање на проблемот – со помош на “сончевиот” витамин Д, пишува “Дејли стар”.2401702f964b8a299ec493536c18d2bf

Еректилната дисфункција влијае кај половина од сите мажи на возраст меѓу 40 и 70 години.

Италијанските и американските специјалисти утврдиле дека набавката на витамин D може да им помогне на претставниците на посилниот пол да се справи на природен начин со проблемот и да го подобрат претставувањето во креветот.

Истражувачите од Универзитетот во Милано во Италија и универзитетот “Џонс Хопкинс” во САД откриле дека недостатокот на витамин D е поврзан со значителен ризик од проблеми со ерекцијата. Италијанското истражување опфатило 143 мажи со еректилна дисфункција, а американското – 3400 здрави поединци.

Витамин D во мали количини може да се набави од производи како мрсни риби, јајца и житарици. Неговиот главен извор сепак е сончевата светлина, потсетуваат експертите.

Слични содржини