Полноќната бриселска средба во необичен формат покажа дека Грција се соочува во целосна изолација. Ако Ципрас до денес не поднесе план за реформи и штедење на Грција веќе никој не може да и ‘помогне, коментира Кристоф Хаселбах.

0,,18328861_303,00
Ципрас не се умори. Не се умори да бара нови и нови пари, по можност, сепак без да му се поставуваат услови. Ама се почесто удира на камен. Грција е заглавена веќе до гуша. Ако не добие нови кредити, најверојатно за неколку недели ќе треба да прогласи банкрот. Стегнат до ѕидот, Ципрас успеа да издејствува од претседателот на ЕУ Доналд Туск вонредна средба со Меркел, Оланд и други водечки фигури во ЕУ, на која сакаше да им се помогне со некое “политичко решение” на прашањето. За Ципрас “политичко решение” всушност значи: да се нарушат правилата. А правилата се добро познати, тие не се од вчера и недвосмислено бараат едно: Грција може да добие поддршка единствено ако штеди и направи реформи, за да може еден ден да застане на свои нозе.

Ципрас, каде се предлозите?

Такви беа барањата уште во првиот пакет помош за Грција во 2010 година. Пред еден месец, министрите за финансии од Еврогрупата дури направија дополнителен попуст на Атина: тие продолжија со уште четири месеци спасувачка програма. Еврогрупата меѓутоа и досега чека да ги добие ветените од Ципрас детални предлози за тоа како да ги оздрави грчките финансии. Дури и нешто полошо: во прекршување на преземените обврски, Грција воведува нови социјални бенефиции кои не се консултирани со европските партнери и дополнително го оптоваруваат буџетот. Паралелно со ова, министерот за финансии Варуфакис , манипулира лево и десно и веќе се испокара со сите, од чија помош Грција има итна потреба, вклучувајќи и со Европската централна банка. Заљубениот во себе министер видливо го прецени за неколку пати своите можности.

Бројот на понижените расте

Под овие околности беше повеќе од јасно дека вонредната средба на лидерите во Брисел немаше како да донесе одлука за дополнителни помош за Грција. Полноќната средба едноставно ги потврди досегашните решенија: Грција треба да претстави листа со предлози за реформи, и тоа “за неколку дена”. Ципрас сепак го злоупотребува трпението на партнерите по два колосека. Тој не само што постојано го одложува поднесувањето на предметната листа, но и постојано се обидува да ги заобиколи правилата. Особено на помалите држави од еврозоната како Белгија и Холандија, кои исто така даваат свои пари кон пакетот со помош за Грција, воопшто не им се допадна фактот дека не ги поканија на полноќната средба. Бидејќи во принцип единствениот орган кој може да носи вакви одлуки, е целата Еврогрупа.
Благодарение на Ципрас

Во внатрешно настапи грчката влада постојано создава впечаток дека во “борбата” против штедењето има еден единствен противник: Германија. А тоа, се разбира, не е точно. Сочувството кон Грција постепено се испарува и во Финска и во Холандија, и во Австрија, пак и секаде на друго место. На состанокот во Брисел веќе конечно се виде дека Грција се соочува во целосна изолација. Без да сакаат, Ципрас и неговата влада придонесуваат за еден неочекуван успех: сите членови на монетарната унија се сплотиха околу принципите и правилата. До неодамна Франција, Италија и Шпанија се обидуваа заедно да се спротивстави против политиката на штедење, која сметаа за еднострани. Денес, сепак, никој од шефовите на влади веќе не брани Ципрас. Сите инсистираат на почитување на правилата. Односно, изолацијата на Атина не е некаква цел сама за себе. Се надеваме дека и Ципрас конечно разбрал дека со досегашната тактика нема да постигне ништо. Ако “за неколку дена” тој не поднесе план за реформи на Грција веќе никој не може да и ‘помогне.

Слични содржини