Ако веќе се мешате,што мислите наместо 67, идната Влада да има поддршка од 100, но без двојазичност на целата територија, без бинационалност…?

од Vladimir Zorba

Господине Хан,
пред само десет дена во Скопје јавно кажавте дека нема да се мешате, а сега објавувате на твитер дека Претседателот Иванов треба да го даде мандатот на овој или оној…

Дали тоа не е мешање?

Кога веќе решивте на Претседателот на Република Македонија, избран од граѓаните, да му кажувате што да прави околу мандатот, добро е и да кажете што мислите за предлогот наместо 67, идната Влада да има поддршка од 100, но без редефинирање на државата, без двојазичност на целата територија, без бинационалност, а со зачувување на унитарноста, името и македонскиот идентитет?
Велевте дека треба поширока поддршка на Владата, еве ја.

Ако еднаш го прекршивте ветувањето дека нема да се мешате, повелете и втор пат, одговорете.

Фејсбук статус на Илија Димовски

Слични содржини