Ако за1мај патувате за Грција, ЗАДОЛЖИТЕЛНО прочитајте го ова!

од Vladimir Zorba

Штрајк на работниците ќе блокира железничкиот сообраќај во целата земја, а автобусите ќе се движат од 9.00 до 21.00 часот на 1 мај

Националниот совет на општогрчката конфедерација на работниците најави одлука за спроведување на 24-часовен генерален штрајк на 1 мај 2017 година.

Се очекува штрајкот да го парализира транспортниот сектор во Република Грција. Тоа го соопштија од прес-центарот на Министерството за надворешни работи. Предвидено е железничкиот транспорт во цела Грција да биде блокиран за 24 часа. Автобуси ќе се движат од 9.00 до 21.00 часот, за да им се овозможи на граѓаните да учествуваат во првомајските демонстрации.

Бродовите ќе останат на пристаништата. Локално.мк  им  препорачува на сите кои ќе патуваат во Република Грција, да ја имаат предвид оваа информација и да се информира однапред за очекуваните промени во транспортниот сектор во земјата.

Слични содржини