Аконтативна пријава навреме до УЈП за издавањето соби и деловен простор за Супер купот на УЕФА

од desk2

Угостителите и хотелиерите од штипскиот регион денеска имаа обука која ја реализираа вработените во регионалната дирекција на УЈП во Штип по повод претстојниот Супер Куп на УЕФА, кој ќе се одржи во Скопје.

Маре Данкова, вработена во регионалната дирекција на УЈП –Штип истакна дека сите оние кои ќе издаваат соби или деловен простор во овој период, според Законот, навреме мора да го пријават во Управата за јавни приходи.

– Апелираме до сите даночни обврзници да го евидентираат прометот, бидејќи УЈП ќе биде присутна секаде. Ова не значи дека не треба да се почитуваат законските прописи во останатиот период од годината, рече Данова.

Таа истакна дека на денешната обука во Штип се говореше за Законот за ДДВ, како и за готовинско плаќање.

– Што се однесува до Законот за регистрирање на готовинско плаќање, ги потсетуваме сите обврзници кои плаќањето на добрата и услугите го вршат во готови пари, треба да имаат одобрен фискален систем на опрема и да издаваат фискална сметка, вели Данкова.

УЈП апелира и до сите кои издаваат простор под закуп дека имаат обврска во рок од 15 дена да поднесат аконтативна даночна пријава, а за да се спречат можни злоупотреби на законите од регионалната дирекција УЈП-Штип најавија построги контроли во градовите во источниот регион.

Слични содржини