Тројца учесници во „Шарената револуција“ од Штип се повикани на информативен разговор во полиција.

Разговорите со демонстрантите траеле по два часа. Последен бил повикан неформалниот лидер на демонстрантите, Горан Трајков, кој  изјави дека ќе се појави во полициската станица во Штип во посочениот термин за да види за кои објекти го товарат дека ги оштетил.

protest-stip1

Од СВР Штип ја потврдија информацијата за упатените покани за информативен разговор за тројцата штипјани. Тие се товарат за прекршување на членот 27 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Според овој член, прекршувањето значи оневозможување на користење или оштетување на јавни згради, јавни чешми, извори, плажи, паркови. Глобата за овој прекршок се движи од 100 до 400 евра.

Движењето „Протестирам“ досега организираше 19 мирни протести во Штип. Во текот на протестите беа обоени неколку улици, тротоари и плоштадот.

 

META

Слични содржини