Активистите ги користат алгоритмите на Google така што кога го пребарувате зборот “идиот” излегуваат фотографии од Трамп

од desk2

Активисти ги употребуваат алгоритмите на Googlе така што кога луѓето ќе пребаруваат “идиот”, речиси сите резултати се фотографиите од моменталниот американски претседател Доналд Трамп. Луѓето кои протестираат објавуваат статии кои асоцираат на зборот “идиот” со Трамп додека споделуваат и ги поттикнуваат другите да го прават истото.

Интернет ефектот на ова е тоа што асоцијацијата во внатрешноста на алгоритмот на Google станува непозната, произведувајќи фотографии од Трамп кога луѓето ќе го внесат зборот “идиот”.

Еве како изгледа пребарувачот Google денес:

8 од првите 10 фотографии го покажуваат директно лицето на Трамп. Од преостанатите две, едната е од Аш Саркар, активист кој британскиот новинар Пирс Морган го нарече идиот додека говореше за Трамп.

Овој феномен започна со кампањата во Велика Британија со песната “American Idiot” од рок групата Green Day за време на посетата на Трамп во Велика Британија.

Многу статии кои беа поврзани со кампањата го вклучуваа зборот “American Idiot” на насловните страни и фотографии од Трамп. Од тој момент, активистите се обидуваат да го пролонгираат овој тренд користејќи го алгоритмот на Google така што фотографии од Трамп излегуваат секој пат кога ќе го пребарувате зборот “идиот”.


Сепак, не се знае колку долго овој збор ќе асоцира на фотографиите од Трамп. Во 2009 година Google ни даде увид во начинот на кој неговиот алгоритам работел откако корисниците откриле дека кога ќе го внесете името на поранешната прва дама “Мишел Обама” излегуваат расистички фотографии од мајмун кој носи обетки.

Слични содржини