Акции за нови напади во Санкт Петербург ?! Фатен маж со граната во метрото, други тројца со експлозивна направа во Невскиот регион

од Vladimir Zorba

Претходно руските медиуми објавија дека околу 10,13 по локално време била затворена за патници метро станица “Приморскаја” во Санкт Петербург, Русија

Полицијата во Петербург уапси маж на станицата на метрото “Приморскаја”, соопшти Фонтанка.ру. Младичот е уапсен, бидејќи носел во себе  граната, прецизира петербургскиотт сајт, повикувајќи се на полицијата. Претходно руските медиуми објавија дека околу 10.13 по локално време била затворена за патници метро станица “Приморскаја”.

Од Митрополитот информираа дека станицата е затворена поради технички причини. Властите во моментов ги разјаснуваат мотивите и активностите на уапсениот. Претходно Истражниот комитет објави дека биле уапсени 8 завербувани  потенцијални терористи кои се регрутирани главно од емигранти од централноазитаските поранешни републики.

Апсењата се во врска со истрагата на терористичкиот акт на 3 април, кога во метрото во северниот град на Русија терорист-самоубиец уби 13 лица и рани уште десетици.

Денес во Санкт Петербург  се извршени  спецакции во станбена зграда. Пронајден  е опасен предмет во блокот  Очевидци тврдат дека од зградата се изведени три лица. Екслозивниот предмет е неутрализиран. Антитерористите од ФСБ првеле во зградата тројца мажи, пренесува РИА Новости.

Претходно , мала предмет екслодира   во рацете на работник и  му ја откина едната рака. Тој  го нашол апаратот во торба во рускиот град Ростов на Дон.

Слични содржини