Овде сме да им дадеме помош и поддршка на граѓаните на Тетово и тетовско во овие тешки моменти.

IMG_0306

Toa што вчера се случи е страшно, катастрофа. Денеска бевме во обиколка на неколку населени места. Стојбата е сериозна, глетката е страшна. За жал, има и човечки жртви. Досега, официјално се потврдени 4 жртви но стравувањата се дека бројката може да биде и поголема. Воедно, предизвикана е огромна материјална штета, голем број на домови се уништени, поплавени, пристапните патишта се затрупани, дел од населените места немаат вода или струја.

IMG_0305

СДСМ и опозицијата се целосно ставени на располагање на граѓаните. Општините раководени од опозицијата, Струмица, Куманово, Центар, Ранковце, веќе испратија писмено известување до општина Тетово дека сите свои ресурси ги ставаат на располагање за помош на граѓаните и санирање на состојбата.

IMG_0302

Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите. Сите сочувствуваме со нивната тага.

IMG_0297

Како на локалната власт, даваме полна поддршка и на државните институции за справување со последиците од катастрофата во Тетово и тетовско којашто однесе невини човечки животи.

IMG_0309 (2)

Сега не е време за критика туку за единство кое ќе допринесе за побрза, поефикасна и поголема помош на граѓаните. Даваме целосна поддршка, ова да се среди во најбрз можен рок.

 

 

 

 

Слични содржини