Албанија го намали внатрешниот јавен долг на сметка на надворешниот

од Vladimir Zorba

Втора година по ред Албанија бележи пад на внатрешниот јавен долг,а Владата продолжува да се задолжува кон странските пазари.

Во третото тромесечие од минатата година внатрешниот долг се намалил на 35,5 насто од БДП од 40,3 насто,колку што изнесувал на крајот на 2014 година.

– Падот на внатрешниот е компензиран со растот на надворешниот долг со ист процент. Владата го ориентира задолжувањето на странските пазари поради две цели. Прво,да го намали ризикот од јавните финансии,заменувакќи го внатрешниот на кус рок со долгорочни кредити од надвор.Второ, да изврши позитивен притисок над приватните банки да ги кредитираат бизисот и граѓаните,-наведува Топ чанел.

Според истиот извор податоците потврдуваат дека средниот рок за подмирување на долгот на Владата пораснал од 630 денови,колку што бил на крајот од 2014 година, на 763 денови моментно.

– Но, влијанието на кредитниот пазар е минимално. Иако владата,во двете последни години нема земено нов долг од страна на приватни банки,овозможувајќи им многу слободна ликвидност,овие пари не се канализирани како кредити за домашниот бизнис,- констатира Топ чанел.

Официјалните податоци покажуваат дека во споредба со 2014 кредитите се намалиле за 6 милијарди леки и банките во земјата фондовите да ги дадат кредит за домашниот бизнис,кој пак средствата ги инвестирал надвор од земјата.

Слични содржини