Албанија испраќа своја војска во Ирак за борба против ИД

од Vladimir Zorba

 

Албанската министерка за одбрана Мими Кодели изјави денеска дека нејзината земја планира да испрати пешадиска единица во Ирак, која ќе се бори против џихадистичката група Исламска држава.

Таа истакна дека тоа се планира поради намерите на САД, да испратат единица од околу 30 пешадиски водови за воени операции во Ирак.

Според Кодели, ирачката Влада мора да се согласи со тоа, пред албанските власти да ја потврдат таа одлука во Парламентот.

– Ние не зборуваме како дел од НАТО, туку како волонтери во глобалната коалиција, нагласи албанската министерка.

Албанија, која е членка на НАТО од 2009 година, учествува во меѓународните мировни мисии во Авганистан, БиХ, Косово, Мали и Егејското Море

Слични содржини