Албанската полиција попладнево соопшти дека нуди награда од 30 илјади евра за информација која ќе ја доведе до убијците на двајцата чешки туристи.TURISTI

Во врска со овој грозоморен чин полицијата гарантира целосна анонимност за оној кој ќе даде информација. За што побрзо расветлување на оваа трагедија полицијата апелира на соработка со локалното население.

Полицијата за граѓаните отвори и телефонска линија 0694103984 и гарантира целосна анонимност.

Истражна екипа предводена од обвинител продолжува со истрагата на местото на настанот, возилото и утврдување на други докази кои би можле да доведат до расветлување на случајот.

Во потрагата по убијците вклучени се големи полициски сили, а со акцијата раководи заменик директорот на државната полиција Ардиан Чиша.

Чесите Мишел Сватос (27) и Ана Косинова (36), кои кампувале во селото Прекал, кај Дукаѓини, каде што имало и други чешки туристи-кампери, беа убиени и ограбени синоќа на излезот од селото на пат за Скадар, а возилото со нивните тела турнато во провалија, со цел да наликува на сообраќајна несреќа./МИА

Слични содржини