Албанската полиција заплени тон марихуана

од Vladimir Zorba

 

Албанската полиција заплени ново рекордно количество марихуана, при акција во реонот на градот Скрапар .

Според полициското соопштение, вчера во доцните попладневни часови во магацин во селото Лепан во близина на Скрапар, по подолга истрага полицијата од Комесаријатот на Берат открила и запленила еден тон марихуана.

Магацинскиот простор бил користен за сушење и пакување на наркотичното растение.

Полицијата трага по седум лица осомничени за поврзаност со илегалната трговија на марихуана.

Ова е втора акција на албанската полиција за една недела, откако претходно над 1,2 тона марихуана беа откриени на брегот на Јадранското Море кај Валона. Дрогата била подготвена за транспорт во правец на италијанскиот брег./МИА

Слични содржини