Албанци се судрија со косовската полиција, го блокираа патот за протераните Срби

од Vladimir Zorba

5555661657c2964f2f4fa530991455_v4_big

Албанци од Мушутиште на Косово, се судрија со полицијата, кога го блокираа патот што води кон селото, а низ кој требаше да поминат протераните Срби.

Полицијата успеа да ослободи една сообраќајна лента и премин кон црквата на Пресвета Богородица.

 

Околу 150 раселени Срби се наоѓаат во три автобуси и чекаат да се создадат услови за безбедност за да продолжат патот кон Мушутиште. Со нив е и министерот за враќање Далибор Јевтиќ.

“Се повторува Ѓаковица, некој го користи истиот рецепт и на тој начин се испраќа порака дека Србите не се добредојдени”, вели Јевтиќ.

Полицајците се во полна опрема со шлемови и штитови.

 

Специјални сили интервенираа за да ги принудат Албанците што се собраа да ја тргнат блокадата, но за таа цел употребии солзавец и палки, а неколку лица се уапсени.
Албанци, главно, селани од Мушутишта го блокираа патот што води кон црквата на Пресвета Богородица која беше уништена и на чија основа ова утро раселените Срби требаа да присуствува на литургија по повод празникот на Успение на Богородица.

Демонстрантите носеа албански знамиња и извикуваа слогани “на ОВК, ОВК”.

Албанците од ова село преку социјалните мрежи претходниот ден ги повикаа сонародниците од Сува Река и околните села да го спречат доаѓањето на Србите во Мушитиште.

Србите беа запрени од страна на полицијата и се чека на исходот на настаните. Тие се во три автобуси и се на пет километри од селото, каде полицијата ги запре.

Слични содржини