Албанците подготвени за локални избори – останите уште калкулираат!?

од Vladimir Zorba
Политичките партии на Албанците подготвени за локални избори. ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците остануваат на ставот дека изборите без одлагање треба да се одржат на 15 октомври, информира ТВ24.
Од партиите велат дека веќе се подготвуваат за изборите и бараат да нема отстапувања од дадените рокови. Тие побараа од претседателот на Собранието Талат Џафери навреме да ги распише изборите.
„Стоиме на цврст став дека изборите треба да бодат одржани во октомври и ние сме спремни за нив и не гледаме никаква причина да се поместува датумот“ – велат од албанските партии.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на ист став како политичките партии од албанскиот блок. Од таму велат изборите без одлагање да се одржат на 15 октомври.
„Ние сме против било какво повторно одложување на локалните избори. Очигледно е дека власта само после два месеци почна да се плаши од граѓаните.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ
Дека има подготвеност за избори на 15 октомври потврдуваат и од власта. Висок владин функционер за ТВ24 вели дека изборите ќе се одржат во предвидениот рок. Од друга страна пак, партиски извори во СДСМ брифираат дека има дилеми – колку до шести август, до кога е предвидено да се распишат изборите, реално ќе биде преземена власта во сите ешалони. Според истите извори, размислувањата се движеле од тоа изборите да се одржат на 15-ти октомври, да има благо одлагање од еден месец или пак да бидат одложени за на пролет. Претседателот на собранието Талат Џафери веќе изјави дека спроед сегашниот план, доколку нема промени, изборите ќе ги распише на 6 август, а ќе се одржат на 15 октомври.

Слични содржини