Тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри се надева клубот ќе го задржи Пол Погба и Алваро Морати и наредната сезона. Интерес кон двајцата има од голем број европски гиганти, но стратегот верува дека асовите на тимот ќе останат на “Јувентус Емирати”.

1464604971gettyimages-520022148

“Не сакам да се разделиме со нив. Се надевам дека ќе ги задржиме сите играчи и ќе ја освоиме Лигата на Шампионите следната сезона. Тоа е сонот на сите нас. Да, минатата година игравме во финалето, но ако се погледне назад во времето, тоа се случи само еднаш “.

“Џанлуиџи Буфон ќе остане во тимот. Се надеваме и Погба да остане. Мората? Ако бев на негово место би останал во Јуве, но во моментов тој се подготвува за Евро 2016 и се надеваме да се врати по тоа”, додаде Алегри.

Слични содржини