Алегри се исмеа на гласините дека ќе оди во Барса

од Vladimir Zorba

Тренерот на Јувентус пристапи со потсмев кон информациите дека ќе оди од новата сезона да ја води Барселона. Таквите гласини се појавија во шпанските медиуми во вчерашниот ден.

Причината за нив е истекувањето на договорот на сегашниот тренер на каталонците Луис Енрике и неподготвеноста и на двете страни за продолжување, како и речиси сигурна разделба на Алегри со “старата дама”.

На Пиринеите тврдеа дека стратегот веќе почнал да учи шпански и затоа е сигурен за позицијата на “Камп Ноу” од летото. Но самиот Алегри негираше со потсмев слични тврдења.

 

Слични содржини