Ален Јустас, со скафандер скокна од работ на вселената и го проби звучниот ѕид…

од Vladimir Zorba

На денешен ден 24 октомври download-81

1360.- Англискиот крал Едвард III и францускиот крал Жан II Добриот, англиски заробеник во битката кај Поатје во 1356 година, во Кале потпишаа договор со кој е окончана првата фаза на Стогодишната војна. Францускиот монарх беше принуден на Англија да и отстапи некои француски територии, а Едвард III за возврат да се одрече од полагање права во францускиот престол.

1601.- Умре данскиот астроном Тихо Брахе, кој подигна опсерваторија на островот Хвен и скоро две децении ги набљудуваше планетите, посебно Марс. Ја откри новата ѕвезда во соѕвездието Касиопеја.

1632.- Роден е  холандскиот природонаучник Антони ван Левенхук, кој, иако по струка книжар, се бавел со микробиолошки истражувања и го откри дотогаш непознатиот свет на микроорганизмите. Ги создаде првите едноставни микроскопи, но подоцна посветувајќи им се нив, конструирал околу 400 микроскопи. Резултатите од истражувањата на крвните садови, структурата на коските, мускулите, еритроцитите и сперматозоидите ги објавувал во изданијата на Лондонското кралско друштво чиј член беше.

1648.- Со Вестфалскиот мир кој го склучија германскиот цар и владетелите на Франција и Шведска, заврши Тридецениската војна. Франција од Германија ги доби Алзас, Мец и Тул, Шведска ја доби скоро цела Померанија, а Германија остана поделена на голем број држави. Австрискиот цар и понатаму беше и германски цар, но со големи ограничени овластувања. Признати беа независноста на Швајцарија и на Холандија и беше прогласена рамноправноста на римокатолиците и протестантите.

1697.- Австрискиот фелдмаршал Еуген Савојски со околу 8.500 војници продре по долината на реката Босна во Сараево и го запали.

1725.- Умре италијанскиот композитор Пјетро Алесандро Гаспаре Скарлати, основач на оперската „Неаполска школа“. Дела: опери, кантати, црковни композиции.

1795.- Русија, Австрија и Прусија меѓу себе ја поделија територијата на Полска.

1797.- Лима, главниот град на Перу, го разурна земјотрес, при што загинаа околу 5.000 луѓе.

1857.- Во Шефилд, Англија, формиран е фудбалскиот клуб “Шефилд”. Тој е најстариот фудбалски клуб во светот.

1891.- Роден е доминиканскиот диктатор Рафаел Леонидас Трухиљо Молина, кој како американски штитеник, владеел со Домениканската Република од 1930 до 1961 година. Во мај 1961 година беше убиен од заседа во близина на Сиудад Трухиља.

1898.- Умре Пувис де Шаванес, француски сликар. Роден е на 14 декември 1824 година.

1912.- Со победата на Првата српска армија под команда на Александар Караѓорѓевиќ над турската Вардарска армија Зеки-паша, заврши дводневната Кумановска битка, клучна во Првата балканска војна.

1914.- Роден е Џонас Едвард Салк, американски микробиолог. Во 1955 година ја откри вакцината против детската парализа (полиомиелитис). Тој спаси милиони деца во светот заболени од детска парализа. Умре во Ла Џола, Калифорнија, во САД, на 23 јуни 1955 година.

1915.- Роден е Тито Гоби, италијански оперски пејач, баритон. Настапуваше на сите оперски сцени низ светот и остави репертоар од над стотина улоги. Најголем успех постигна со креациите на Риголето, Скарпија (“Тоска”), Фалстав, Фигаро (“Севилскиот бербер”) и Дон Џовани. Пееше и во повеќе музички филмови (“Џузепе Верди”, “Палјачи”). Умре во 1984 година.

1917.- Германците и Австријците кај италијанското градче Капорето (сегашно Кобарид во Словенија) во Првата светска војна ја пробија одбраната на италијанската војска и и нанесоа тежок пораз. За 16 дена напаѓачите навлегоа 110 километри, заробија 293.000 италијански војници, повеќе од 300 топови и големи залихи на воен материјал.

1918.- Сфаќајќи дека со распаѓањето на Австроунгарија целосниот пораз на централните сили е неизбежен, царот Карло побара интервенција од Католичката црква за прекинување на војната. Меѓутоа, интервенцијата на Ватикан немаше успех. Сојузниците продолжија со операцијата и ги натераа Австроунгарија и Германија на безусловна капитулација.

1920.- Во Охрид е роден Димче Протуѓер, македонски сликар и графичар, еден од основположниците на македонското сликарство по ослободувањето и еден од основачите на ликовната група „Денес“. Работеше пејзажи, мртви природи, дрворези, таписерии, илустрации за книги и друго. Умре на 30 март 1995 година.

1932.- Во Скопје е роден Воислав (Војче) Синадиновски, македонски спортист, ракометар, гимнастичар, кошаркар, еден од пионерите на современата одбојка во Македонија. Умре во Скопје, во 2000 година.  

1934.- Махатма Ганди истапи од Националниот конгрес на Индија, која беше под британско влијание и ги поведе масите во борба за независност на Индија.

1944.- Американски авиони во Втората светска војна, во текот на големата воздушно-поморска битка во филипнскиот залив Лејте, го потопија јапонскиот носач на авиони „Мусаши“, еден од најголемите некогаш изградении носачи.

1945.- Стапи во сила Повелбата на Организацијата на Обединетите нации, која заедно со Статутот на Меѓународниот суд, претставува темелен документ за устројството и дејствувањето на оваа светска организација. Тој ден се слави како Ден на Организацијата на Обединетите нации. Република Македонија е примена за рамноправен член на Организацијата на Обединетите нации на 8 април 1993 година.

1945.- Во Осло е стрелан водачот на норвешките нацисти и претседател на марионетската влада во Втората светска војна Видкун Квислинг, осуден претходно на смрт поради предавство, чие име стана симбол на предавството.

1948.- Умре австрискиот композитор Франц Лехар, најзначаен претставник на виенската опера во првата половина на 20. век. Дела: оперетата „Веселата вдовица“, „Грофот од Луксембург“.

1956.- Советската војска интервенираше во Будимпешта, ден по избувнувањето на вооружените нереди против политиката на водачот на унгарските комунисти Мараш Ракоши.

1957.- Умре францускиот моден креатор Кристијан Диор, еден од главните „модни диктатори“ во светот по Втората светска војна.

1962.- САД започнаа со блокадите на Куба.

1964.- Британската африканска колонија Северна Родезија се стекна со независност под името Република Замбија. Нејзин претседател беше Кенет Каунда. По акцијата за граѓанска непослушност, која во 1962 година ја организираше Обединетата национална партија за независност, предводена од Каунда, британската влада беше принудена да донесе устав во Северна Родезија и потоа, по 73 години од колонијалната управа, ја признае целата независност. До тогаш Северна Родезија беше во составот на британската колонија.

1974.- Умре рускиот виолинист и диригент Давид Фјордович Ојстрах, еден од најголемите мајстори на виолина во 20. век. Во родната Одеса го заврши конзерваториумот, а во 1935 година се прослави со наградата на меѓународниот виолински натпревар во Варшава, а во 1937 година со наградата „Исај“ во Брисел. Беше професор на Московскиот конзерваториум и со голем успех настапуваше ширум светот.

1990.- Во Тирана започна состанокот на министрите за надворешни работи на балканските земји на кој се разгледани можностите за унапредувањето на соработката на Албанија со Бугарија, Грција, Југославија, Романија и Турција. Беше создадена поволна атмосфера за развој на односите и решавање на споровите и проблемите на Балканот, но не беше постигнат конкретен договор.

1992.- Во Тетово е формиран Сојуз на албанските жени.

1997.- На пет километри под површината на Индискиот Океан, нуркачите го пронајдоа американскиот брод кој носеше 2.000 тони сребро, кое претседателот Рузвелт му го испрати на Сталин во 1944 година. Рузвелт сакаше да им помогне на Русите во борбата против Хитлер, но планот пропадна кога германскате подморници го потопија. Во бродот имаше сребро во вредност од најмалку 330 милиони долари.

1997.- Воената хуна на Сиера Леоне под меѓународен притисок се согласи да ја отстапи власта на избраниот претседател на земјата Ахмад Теџан Кабах.

2001.- Во американскиот напад врз авганистанскиот главен град Кабул убиени се 22 припадници на терористичката организција на палестинските исламисти „Харакат-ул-муџахедин“, милитантна групација која настојува да го оконча владеењето на Њу Делхи во северната индиска провинција Кашмир.

2005.- Умре афроамериканската Роза Паркс, прва црнкиња која во 1955 година се осуди да ги прекрши тогашните расни закони на југот од САД, во сојузната држава Алабама, одбивајќи на белец да му отстапи место во автобус. Тоа доведе до основање на движењето за црнечки права во Америка.

2014.- Директорот на Гугл, Ален Јустас, скокна од работ на вселената и го проби звучниот ѕид и со тоа го собори рекордот од 39.044 метри што пред две години го постави Феликс Баумгартнер. Јустас (57) во апсолутна тајност скокна од височина од речиси 42 километри и постави нов рекорд. Самиот го финансираше овој потфат, скокна од неверојатните 41.842 метри, а скокот од работ на вселената до тлото траел 15 минути. Утрото, по локално време, со балон наполнет со хелиум, од Ново Мексико се искачил до стратосферата, од каде скокнал, а додека паѓал се движел со брзина поголема од 1.300 километри во секунда. Јустас носел специјално дизајниран скафандер, додека Баумгартнер се искачикал со капсула. Подготовките за овој потфат траеле 34 месеци.

Избор миа

Слични содржини